Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кој е виновен што Македонија не го продолжи отворањето на поглавјата?

И покрај тоа што земјава успешно го заврши процесот на скрининг изминатата година и половина, поради блокадата во Собранието и недонесувањето на уставните измени, Македонија не отвори поглавја.

Според СДСМ „политиката на блокади на анти ЕУ ДПМНЕ и Мицкоски го изблокира и евоинтеграцискиот пат на државата“.

„Пораките од Брисел можеа да бидат сосема поинакви, победнички, да се објави дека државата продолжува со отворање на поглавјата од сите кластери од преговорите со ЕУ, дека продолжува нашиот евроинтеграциски пат. Но, се потврди дека единствен кочничар на државата е анти-ЕУ, анти-НАТО и проруската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Тие се виновни што не отвораме поглавја. Неисполнувањето на обврските за уставни измени е кочница на понатамошниот пат кон ЕУ.“ – соопштија денеска од СДСМ.

Сепак, од партијата додаваат дека не се откажуваат од европската перспектива на државата и граѓаните.

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски на денешната прес-конференција рече дека поради блокадата на ДПМНЕ и Левица во македонското Собрание земјава не го продолжи отворањето на поглавјата.

„Можеше нашата татковина и сите нејзини граѓани да бидат најголеми победници, да продолжиме со отворање на поглавјата од сите кластери од преговорите со ЕУ. Христијан Мицкоски по кој знае кој пат ги стави своите лични лични интереси пред интересите на македонскиот народ и граѓаните кои живеат во Македонија. Oд партија поддржувач на евроатлантските интеграции Мицкоски ја претвори ДПМНЕ во најголем кочничар на нашите интеграции.“ – рече Каевски.

Според него, граѓаните ова ќе го имаат на ум за изборите.

„Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица ќе биде поразена. Победата на европскиот фронт ќе значи продолжување на европскиот пат и членство во ЕУ до 2030 година.“ – рече Каевски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е во очајна ситуација поради погрешни политики.

„Одлуките на вчерашниот Самит во Брисел покажаа дека Ковачевски и Османи водејќи погрешна надворешна политика ја донесоа Македонија во очајна ситуација“ – изјавија од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција. (Centar.mk)

Зачлени се на нашиот е-билтен