Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Борел: Имаме предлог на маса, се надевам дека Вучиќ и Курти ќе го прифатат

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Жозеп Борел, денеска изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти се поканети во Брисел на 27 февруари и оти се надева дека ќе го прифатат предлогот што им е понуден.

– Ги поканив да дојдат и да водат целодневни разговори бидејќи имаме предлог на маса и се надевам дека ќе можат да го прифатат тој предлог како начин за нормализирање на нивните односи, изјави Борел за Дојче веле, пренесе Бета.

На прашањето колку е важно воведувањето санкции против Русија за патот на Србија кон Европската унија, високиот претставник одговори дека ЕУ бара усогласеност од сите членки на меѓународната заедница, особено од кандидатите.

– Посебно од кандидатите за членство во ЕУ бараме да се усогласат со нашата надворешна политика, рече Борел.

– Секако, Србија не се усогласува со нашата надворешна политика колку што би сакале. Тоа е дел од разговорот и ангажманот со Србија, додаде Борел.

Вучиќ потврди дека е поканет во Брисел и додаде дека нема намера „туристички“ да оди таму, туку дека е заинтересиран за Заедницата на српските општини

Зачлени се на нашиот е-билтен