Украина „не се скрши“ и ќе „триумфира“ над руските војници и рускиот терор, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на годишнината од руската инвазија на Украина.
– Не се скршивме, надминавме бројни предизвици и ќе триумфираме. Ќе бараме одговорност од сите оние кои го донесоа тоа зло, таа војна на нашата територија. Целиот терор, сите убиства, сите мачења, сите грабежи, вели Зеленски во пораката објавена на социјалните мрежи.
Тој додаде дека со започнувањето на таа војна, Русија го избрала „патот на убиец, патот на терорист, патот на мачител, патот на разбојник“ и дека тој „избор на државата“ налага „одговорност на држава за извршениот терор“.