Членството на Македонија во Европската унија со себе носи многу економски придобивки и отвара можности за брз развој и напредок.
Со полноправно членство во Унијата, за македонската економија ќе се отварат вратите на единствениот европски пазар од 500 милиони потрошувачи. Во тој голем пазар нашите компании ќе може да ги понудат и пласираат своите производи и услуги. Тоа дополнително ќе ги зајакне трговските перспективи и потенцијалите за остварување на одржливи стапки на раст на БДП.
Искуството на други држави покажува дека во првите 5 години од членствоот во Унијата, стапките на раст на БДП се зголемуваат од 80 до 90 отсто.
Поедноставената трговија веднаш ќе ги зголеми можностите за извоз и ќе создаде услови за намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста на нашите компании.
За Македонија важно е членството во ЕУ затоа што Унијата е наш економски партнер, 77,5% од извозот завршува во ЕУ, додека 51% од увозот доаѓа од таму. Со членството во ЕУ, домашните компании создаваат дополнителна економска вредност преку соработка со европски компании.
Членството во ЕУ ќе овозможи и можност за слободно движење на работната сила во рамки на европскиот економски простор.
Процесот на приклучување кон ЕУ значи хармонизација на законодавството со европските норми и стандарди, што креира подобри услови за бизнис и инвестиции, европеизирање на македонскиот бизнис модел.
Пристап до европски фондови
Голема придобивка од членството во ЕУ ќе биде и пристапот до европските фондови, најмалку 10 милијарди евра за земјоделството, енергетиката, малите и средните претпријатија, инфраструктурата, образованието.
Голем раст на платите
Со членство во ЕУ со создаваат реални услови за голем раст на платите, кој кај одредени држави во првите 5 години по зачленувањето во ЕУ се движел од над 50 отсто, па се до 100 отсто.
Ова ќе биде директна придобивка за куповната моќ за граѓаните, за нивниот смеен буџет и животен стандард. (Центар.мк)