Рекорден број на мртви делфини исфрлени на француските плажи на Атлантикот

Научниците велат дека делфините кои се заплеткуваат во риболовната опрема е главната причина за смртта.

Активистите за заштита на животните велат дека времето за  делфините кај западниот брег на Франција истекува и ја повикуваат владата да го забрани риболовот во областите каде што животните се загрозени.

Последниов месец на плажите на Атлантскиот Океан се појавија рекорден број мртви делфини, но активистите веруваат дека ова е само мал дел од повредените и убиените од рибарските чамци.

Научниците од опсерваторијата за морските цицачи и птици Пелагис, од  Универзитетот во Ла Рошел, снимиле 370 мртви делфини пронајдени долж Гасконскиот Залив помеѓу 1 декември и 25 јануари.

„Ндема сомневање, дека заплеткувањето во риболовната опрема останува главна причина за смрт забележана кај обичните делфини пронајдени во зимските насукувања на плажите, и тоа е од 1990-тите“, објави Пелагис.
„Оваа ситуација е загрижувачка и не е специфична за Франција бидејќи влијае на соседните земји“.

Минатата година 669 делфини беа пронајдени на француските плажи, повеќето од средината на декември до почетокот на април, за време на сезоната на риболов на ослич и морски бас.

Оливие ван Канејт, шеф на мониторингот во Пелагис, рече дека вишокот на смртни случаи на делфини биле „повторливи и многу високи“ од 2016 година и почнале „особено рано“ оваа зима.

Ламја Есемлали, претседател на Sea Shepherd France, рече дека бројот на делфини што се се исфрлени на плажите е „врвот на ледениот брег“ и дека бројот на жртвите може да биде многу пати поголем.

Големиот дел од делфините заробени и ослободени, потоа се дават во морето и нивните тела тонат“, додаде Есемлали.

„Итно е да затвориме одредени зони за рибарски чамци во одредени периоди. Ние постојано го бараме ова, но рибарското лоби е моќно во Франција и владата одби. Тоа е крајно фрустрирачки.

„Единствено што можеме да направиме е да ги прикажеме мртвите и осакатените делфини на локалното население и на медиумите и да ги натераме луѓето да сфатат што се случува“.

Sea Shepherd France, кој проценува дека вистинската стапка на смртност на делфините на западниот брег би можела да биде дури 11.000. Нивниот тим снима делфини фатени во мрежи за да ја подигне јавната свест за убиствата.

„Да ја потсетиме државата, која е посветена на заштитата на морските цицачи, и рибарите одговорни за овие масакри, дека морскиот живот не им припаѓа и дека опстанокот на сите нас и на идните генерации зависи од нашата способност да го зачуваме. “, се вели во соопштението на Sea Shepherd France.

Меѓународниот совет за истражување на морето, кој го координира истражувањето на морската средина на северо-источниот Атлантик, исто така ја повика француската влада да нареди суспензија на одредени неселективни риболовни практики – мерка на која риболовците остро се спротивставуваат.

Есемлали додаде: „Нашата цел не е да го запреме целиот риболов, само во одредени зони и за одреден период, а рибарите да добијат финансиски надомест за нериболов во затворени зони. Тоа е итно решение.

„На среден рок, ни треба целосен преглед на методите на риболов за да се осигураме дека тие се што е можно поселективни. Владата има одговорност да ги заштити загрозените видови. Ние не бараме од нив да бидат добри со делфините, туку да го почитуваат законот.

„Заканата е реална и сега. Во моментот кога ќе видиме значаен пад на популацијата на делфините, веќе ќе биде доцна и научниците ни велат дека веќе гледаат знаци за тоа. Оваа ситуација не може да продолжи. Тоа е неодржливо и ни истекува времето“.

Извор Гардијан

Зачлени се на нашиот е-билтен