Обраќањето на Путин ги инспирираше руските пропагандисти за нова серија лажни наративи, лажни видеа, дезинформации кои ги зафаќаат сите сфери на украинската, со војна погодена држава.
На мета на лажните објави на проруските Телеграм канали, освен воениот и политички врв на Украина и украинските вооружените сили, сега се и украинските образовни институции.
По обраќањето на Путин пред федералното собрание на 21 февруари, руската пропаганда започна серија лажни приказни за поплаки, наводно, напишани во Украина против оние кои го гледале неговиот говор. Укринформ веќе отфрли една од нив, која се однесуваше на поплаки против колегите на работа. Темата на друга е децата кои наводно се жалат на родителите.
Конкретно, руските пропагандни телеграм канали дистрибуираа фотографија од прашалникот, кој наводно биле замолени да го пополнат учениците од прво до петто одделение во училиштето бр. 43 во Миколаев, именувано по К. Ф. Олшански.
Како што може да се види од фотографијата, прашалникот се состои од следниве прашања и тоа:
„Како се викаш?“,
„Кое одделение си?“,
„Дали знаеш дека рускиот претседател Владимир Путин имаше обраќање на 21 февруари 2023?“,
„Ако е така, како дознавте за тоа?“,
„Дали вие или вашите роднини го гледавте овој говор?“,
„Дали вашите најблиски гледаат руски канали дома?“
Според пропагандистите, ваква фотографија учениците добиле од наставничка која работи во ова училиште, а, според неа, се работи за поплака за родители. Тие, исто така, предложија информациите потоа да се пренесат на украинските специјални служби.
Овој прашалник е лажен. Од управата на училиштето за „Укринформ“ велат дека не е спроведена анкета, а уште повеќе не проруска.
Украинските образовни институции неодамна станаа популарна мета на руската пропаганда. Од неодамна, Русите веќе шират лажни вести за иновации во наставната програма за 10-ти одделенија во едно украинско средно училиште. Но, и таквите информации се покажаа како измислица на Русите.
Лажната приказна се однесуваше на намалување на бројот на часови на украински јазик и математика во корист на полскиот јазик.
Како доказ е дадена фотографија од штандот со најава за промени во наставната програма – бројот на часови на часови по украински јазик и математика се намалува за еден, односно два часа неделно.
Истовремено, наводно се воведуваат три часа часови по полски јазик и се зголемува бројот на часови на по физичко од два на четири. Огласот има печат на училиштето и потпис на директорот. Коментирајќи ја објавата, пропагандистите напишаа дека на овој начин „некој се подготвува за работа на нива“.
Дополнително, пропагандистите го потпишаа документот во име на Т.В.Кобилијанска. Таа навистина е директорка на училиште во Лубни, но на училиштето бр. 3. На официјалната веб-страница на училиштето нема информации за какви било промени во наставната програма. Авторите на лажниот извештај направиле грешка и во името на предметот „Историја“. Напишано е на руски.
Во коментар за Укринформ, одделот за образование на извршниот комитет на Градскиот совет на Лубни рече дека оваа информација е лажна.
„Не може да биде така. Наставната програма се одобрува пред почетокот на академската година и потоа не се менува. Дополнително, наставната програма мора да ги исполнува државните стандарди и не е можно да се намали бројот на часови на еден или друг предмет. Ова се лажни вести“, рече Мирослав Костенко, шеф на одделот за образование во Градскиот совет на Лубни.
Подготви: Д. Мишев (ЦивилМедиа)