Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Која е вистинската „мајка“ на ДНК – Гордана Силјановска или Данела Арсовска?

Членовите на групата ДНК кои често настапуваат на партиските собири на ВМРО-ДПМНЕ, во својот веќе препознатлив стил, ја прегрнаа единствената кандидатка за претседател на Мицкоски, нарекувајќи ја „мајка“: „Време е да добиеме “Мајка”…“, порача во објава на социјалните мрежи, Владимир Блажев – Панчо од ДНК.

Но, пред две и пол години, за ДНК „мајка“ беше Данела Арсовска: „… Се надеваме дека ќе ја видиме како градоначалничка, односно “МАЈКА” која ќе се грижи подеднакво за сите граѓани на Скопје“.

А „мајка си е мајка“, Данела навистина се погрижи за „своите чеда“ од ДНК Панчо и Андреј, им ја додели 13-то ноемвриската награда на Град Скопје. Со тоа, нели, покажа дека „се грижи подеднакво за сите граѓани на Скопје“.

Не за џабе народот рекол: „Ако не плачит детето, мајка му не му дават да цицат“ и „Кротко јагне од две мајки цица“.

Д. Е. / Фронтлајн

Зачлени се на нашиот е-билтен