Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Париз утре состанок на неколку европски лидери на ЕУ за Украина

Околу 20 шефови на држави и влади, главно европски, утре ќе одржат состанок во Париз за да го потврдат своето единство и поддршка за Украина.

На средбата во Елисејската палата ќе присуствуваат европски лидери, меѓу кои и германскиот канцелар Олаф Шолц и полскиот претседател Анджеј Дуда, како и премиерите на 15 земји од ЕУ.

На собирот преку видео врска ќе се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Претставниците на Унгарија и Словачка, двете земји од ЕУ најмалку наклонети кон Украина, нема да присуствуваат поради претходно закажаните обврски“, се вели во соопштението на француското претседателство.

На средбата ќе присуствуваат американски и канадски претставници, како и шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон.

„Целта на состанокот е да се разгледаат сите средства за ефикасна поддршка на Украина“, се додава во соопштението.

Од Елисејската палата додаваат дека „целта на средбата е и да се испрати порака дека постои волја да се запре руската инвазија на Украина, како и порака до рускиот претседател Владимир Путин дека нема да победи во Украина“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново