Министерството за образование и наука информира за можноста студенти од Северна Македонија да добијат стипендија за студирање во Индија.
Како што објави МОН, индискиот Совет за културна соработка ( ICCR) во рамки на Lata Mangeshkar Dance & Music Scholarship Scheme обезбедува стипендии за Северна Македонија за студирање на индиските универзитети за академската 2024-2025 година.
Студиите кои се нудат се во областа на индиски танц, музика, тетар, изведувачки уметности, скулптура, индиски јазик, индиска кујна и сл. Крајниот рок за пријавување е 30 април 2024.
Подетални информации се достапни на веб страницата: http://a2ascholarships.iccr.gov.in.