Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лукаревска: Осми март не е ден на парфеми, борбата за правата на жените е борба за правата на сите

Сања Лукаревска, заменичка претседател на СДСМ, на осмомартовскиот марш во Прилеп посочи дека ако некои мислат дека сите битки на жените се добиени, нека не го забораваат фактот дека патот до тука не бил ниту лесен, ниту едноставен, ниту пак дека патувањето е завршено.

-Жените се уште се жртви на сексуално вознемирување, на семејно насилство, на трговија, па дури и на најтешката форма на насилство-фемицид. Убиство на жената само зашто е жена. Можеби, како што велат, мажите не се плашат од смртта, но ние жените сигурно не се плашиме од животот. Зашто силата е во нашите срца, а таа сила, не прифаќа пораз.
Затоа, Осми март е историски ден, но и повик на акција. Родовиот јаз постои. Родовата нееднаквост, исто така. Постојат и нееднаквите можности, кажа Лукаревска на осмомартовскиот марш во Прилеп.

Според неа, борбата за права на жените е борба за правата на сите, борба која преку правичноста како средство, ќе доведе до крајната цел – еднаквоста.

-Затоа, Осми март не е ден на парфемите, на подарок-картичките, на ваучерите за спа, не е ден на накит, ташни и некое парче облека. Убаво е да се добие подарок, но тоа не е суштината на денот. Осми март не е „Црн петок“. Во многу земји, освен како Меѓународен ден на жените, Осми март се одбележува и како Ден на мајката. Паметам како сами правевме честитки кои мајките љубоморно ги чуваа како најскап подарок. Во споредба со тој, останатите подароци веројатно не се ни битни. Останува споменот на убавите гестови и на културата на подарување, на внимание и на тој ден. На Осми март не смее да се заборави и на фактот дека сите деца немаат исти можности за да им подарат скапи подароци на своите учителки. Невнимавањето на овој факт, е првото соочување на децата со нееднаквоста. Да го намалиме тој јаз е наша обврска, наша должност. Само со колективна акција ќе ги продолжиме промените, ќе ја градиме еднаквоста и ќе изградиме свет во кој ќе нема место за говор на омраза, за сексистички пораки кон женитe, порача Лукаревска.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново