Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Романија ќе биде трета европска земја опремена со американски тенкови Абрамс

Романските воени претставници најавија дека државата ќе купи баталјон тенкови Абрамс од САД, со што Букурешт ќе стане трет корисник на тој тип тенкови во Европа, по Полска и Украина.

Според порталот Балканска безбедносна мрежа, одлуката на Букурешт се заснова на заклучоците од анализата на Министерството за одбрана за итната модернизација на оклопните единици, која е во тек од минатата година, пренесе Бета.

Во потесниот круг се најдоа Абрамс, германски Леопард 2 и јужнокорејски К2 Пантер.

-Абрамс е најдоброто средство со уникатни карактеристики за извршување задачи, изјави началникот на Генералниот директорат за вооружување, генерал Теодор Инкикас.

Тој не прецизираше колку тенкови од тој модел ќе се купат и во која верзија, но се претпоставува дека ќе ги има 54, што е стандарден број оклопни возила за единица на ниво на баталјон.

Зачлени се на нашиот е-билтен