„Не беше лесен мојот политички пат, не беше лесен ниту патот на Сања и Љупчо, на Зоран и Димитар, на Горан, Јане, Емилија, на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на сите нас почитувани другари. Но оваa политичка партија е партија која е најсилна кога е најтешко, државотворна партија кој а покажала и докажала дека во тешки времиња може, кормилото да се држи цврсто, но и да се води државата напред“, кажа Благоја Бочварски на граѓанска средба во Штип.
Тој додаде дека СДСМ е стожерот на Независна Македонија, темелот на татковината, партија која била овде секогаш кога и била потребна на државата и на граѓаните.
„Во 91 година до Вековниот сон за самостојна Македонија не предводеше претседателот Глигоров. Во 93 година станавме Членка во ООН под водство на СДСМ. Во 2001 година СДСМ влезе во широка коалиција за мирна разрешница на конфликтот. Во 2005 година Македонија доби кандидатски статус за членство во ЕУ, кога владата ја предводеше СДСМ.Во 2016 СДСМ како стожерна партија заедно со граѓаните застана на патот и го сруши режимот на Вмро Дпмне. Во 2020 година повторно СДСМ успешно се справи со Ковид пандемијата. Во истата година под лидерство на Претседателот на СДСМ Зоран Заев станавме полноправна членка на НАТО алијансата. Во 2022 година СДСМ Успешно се справи со економската и Енергетската криза без рестрикции за граѓаните, а истата 22 година под раководство на Претседателот Ковачевски, ги започнавме преговорите со ЕУ“, потенцираше Бочварски.
Тој заклучи дека дека без СДСМ нема НАТО, нема стабилност и безбедност, нема инвестиции, нема демократија, нема слобода, нема членство во Обединети нации, без СДСМ нема иднина за граѓаните.