„Престолнина на културата не е саем каде што ние ја изложуваме нашата култура за другите да дојдат и да ја видат. Тоа е процес којшто треба да заврши во 2028 година во којшто градот ќе се реформира културно, не само во содржините, туку и во институциите, програмите што ги нуди и на крајот да направи една годишна програма со којашто треба да ги импресионира и домашните, не само странските луѓе. Загрижен сум за тоа што ќе го направиме, не заради тоа што ќе има некаква реална опасност да ни го откажат или да ни ја земат титулата, тоа до сега се нема случено“, рече на интервју на Слободен печат во соработка со ЦИВИЛ Медиа и Трн. Мк.
Тој додаде дека во однос на оваа прилика на Скопје да биде престолнина на културата, останува можноста да не се направи ништо од нешто, без никакви активности и ниту еден денар плус во културните институции, како што тргнала градоначалничката тоа го прави две и пол години.
„Градоначалничката ги намалува средствата, ги затвора институциите, како што сега е случајот со МКЦ, речиси целосно е под клуч. Наместо ние да создаваме повеќе и да вклучуваме што повеќе луѓе и уметници и иницијативи во престолнина 28, ние ги десеткуваме луѓето и ги финансираме се посиромашно и посиромашно за на крај во 28ма да немаме речиси ништо. Би сакал да нагласам дека културна престолнина Скопје ќе стане и без Данела да мрдне со мал прст и без да се појави на настаните како што милува да прави. Но, не е поентата дали сме ја добиле титулата туку дали ќе направиме најмногу што можеме со таква прилика којашто ќе ни се даде“, потенцираше Наумоски.
Тој посочи дека СДСМ има поголеми коалициски капацитети од ВМРО-ДПМНЕ.
„Но, гледајќи ги овие седум кандидати вчера што трчаа за претседател во првиот круг, се гледа дека СДСМ може да се надева на само еден од нив да ги поддржи во вториот круг, а другите пет да го поддржат ВМРО-ДПМНЕ, што укажува дека коалицискиот капацитет е илузија и дека расположението во политиката е таков што тие ја имаат изгубено довербата и кај таквите потенцијални партнери коишто едвај чекаат да се фрлат во прегратките на својот бивши силувач отколку во прегратките на нивниот бивш партнер со којшто соработувале во Владата“, рече Наумоски.
Во однос на прашањето дали местото на Македонија е во Европска Унија, тој одговори дека се надева на тоа.
„Се надевам дека еден ден ќе дочекам да живеам во земја којашто е членка на Европска Унија. Разочарувачки е тоа што европската поддршка опадна изминатите години, и тоа не го вина на Македонија туку на самата Европска Унија и нејзините членки, и притоа не мислам само на Грција, туку и на Франција, Бугарија“, заклучи Наумоски.