Гласачите на Исланд денеска избираат нов претседател, пренесе ДПА.
Популарниот актуелен претседател Гудни Јоханесон не се кандидира повторно, по два мандата на функцијата.
Гласачите одлучуваат меѓу 12 кандидати, вклучувајќи ја и Катрин Јакобсдотир, која ја изненади земјата со повлекувањето од премиерската функција во април за да се кандидира за претседател.
Избирачките места се отворени од 9 часот по Гринич. Првите резултати се очекуваат од 22 часот по Гринич.