ИДФ: Во кибуц на југот на Израел пронајдено тело на Израелец, за кого се веруваше дека е заложник на Хамас

Тело на Израелец за кого се веруваше дека бил киднапиран од вооружена палестинска групи од Појасот Газа, е пронајдено и идентификувано во еден од кибуците на југот на Израел, што беше нападнат од  Хамас на 7 октомври минатата година, соопшти денеска израелската армија(ИДФ).

„Телото на Долев Јехуд е пронајдено во Кибуц Нир Оз“, соопшти ИДФ, додавајќи дека идентификацијата е направена врз основа на целосна анализа и во координација со антрополошки експерти.

Досега се веруваше дека Јехуд е еден од заложниците одведени во Газа.

Долев Јехуд (35), жител на Кибуц Нир Оз, бил припадник на итната медицинска помош, соопшти армијата.

За време на нападот на палестинскиот исламистички Хамас на југот на Израел на 7 октомври минатата година, тој ја напуштил својата куќа за да се обиде да си го спаси животот, но бил убиен од припадници на „терористичката организација Хамас“, се додава во соопштението.

По нападот на Хамас од 7 октомври околу 250 лица беа земени за заложници, а приближно 120 се уште се во Газа, додека 37 се мртви, наведува израелската војска.

Зачлени се на нашиот е-билтен