– Украински диверзанти кои подготвувале саботажа и терористички напади против Црноморската флота се приведени во Севастопол, соопшти денеска Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ).
-Федералната служба за безбедност на Русија разоткри украинска диверзантска група во градот Севастопол, формирана за да изврши саботажни и терористички акции против воениот персонал на руската Црноморска флота, како и против воените, транспортните и енергетските инфраструктурни објекти во тој регион, според соопштението на ФСБ .
Пет агенти на СБУ и на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина биле регрутирани во регионот Запорожје.