Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германската државна банка KfW продаде 110 милиони акциии во Дојче Телеком, ќе инвестира во засилувањето на Германски железници

Германската државна банка KfW објави дека продаде 110 милиони акции на Дојче Телеком, а приходите од 2,43 милијарди евра треба да бидат насочени кон зајакнување на сопственичкиот капитал во Дојче Бан и модернизирање на железничката мрежа.

Британските медиуми пренесуваат дека акциите се продадени по цена од 22,13 евра, а пакетот одговара на сопственички удел во Дојче Телеком од 2,2 отсто, се наведува во соопштението на KfW објавено синоќа. 

Продажбата е извршена по забрзана постапка, а акциите се пласирани кај институционални инвеститори, се додава во соопштението.

KfW и германската Влада и по продажбата ќе го задржат статусот на најголеми акционери, со вкупен удел од околу 27,8 отсто, соопшти Министерството за финансии, додавајќи дека не планираат да го менуваат.

Федералната влада ќе ги искористи нето приходите од трансакцијата за зајакнување на капиталот во Дојче Бан и за проширување на железничката инфраструктура во Германија, соопшти Министерството.

KfW во февруари продаде 50 милиони акции на логистичката компанија DHL за 2,17 милијарди евра.

Германската влада планира годинава да собере до четири милијарди евра од продажба на удели во компании, покажуваат документите на Министерството за финансии.

Најново