– Обилните врнежи денеска предизвикаа поројни поплави во Сиднеј, по што беа спроведени најмалку 13 спасувачки операции на австралиските служби за итни случаи.
Покрај тие операции, службите за итни случаи примиле 297 повици за помош од жителите на Сиднеј за 24 часа, а биле издадени десет наредби за итна евакуација во северозападните предградија на градот, соопшти Службата за итни случаи на Нов Јужен Велс (СЕС).
Помошникот на комесарот на СЕС, Далас Бурнс, рече дека „сè уште се движи многу вода“ и го повика загрозеното население да биде подготвено за евакуација.