Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Рекордни речиси 13,5 милиони Кинези полагаат приемен испит за националниот универзитет

Рекордни 13,42 милиони млади Кинези годинава го полагаат приемниот испит на Националниот универзитет во Кина, познат како гаокао.

Оваа бројка е рекордна од обновувањето на матурата во Кина во 1977 година, а годинава полагаат 510.000 студенти повеќе од минатата година. Испитот почна вчера, соопшти Министерството за образование, а пренесува Кинеското меѓународно радио.

Испитот се смета за клучен за младите Кинези, а резултатите го одредуваат нивниот прием на факултет, па дури и ги обликуваат нивните изгледи за кариера.

Зачлени се на нашиот е-билтен