Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српска листа нема да учествува на локалните избори, Германија порачува – без учество на избори, нема Заедница

Во пресрет на  локалните избори за четири општини на северот на Република Косово, Српската листа не се пријави за учество. Од Германија порачуваат дека доколку нема избори, нема да има ниту заедница.

Ова е само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од денешните содржини во албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Радио Европа е Лире: Српската листа не се пријавува за учество на изборите на северот на Косово

„Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово во средата соопшти дека ниту еден политички субјект не се пријавил за учество на вонредните избори за четирите општини со српско мнозинство на северот на Косово.

Овие избори е предвидено да се одржат на 23 април, по нивното одложување во декември минатата година, на барање на меѓународната заедница.“, пренесе Радио Европа е Лире.

Газета Експрес – Германија со јасна порака: Ако нема учество на избори, нема ниту Заедница

„Германија денеска јасно стави до знаење дека без учество на косовските Срби на предвремените локални избори што ќе се одржат во четирите општини на северот на земјата, нема да има создавање на Заедницата . Ваква изјава во Белград даде Карстен Мајер-Вифхаузен, заменик шеф на мисијата на германската амбасада во соседната земја.“, пренесе косовскиот дневник Газета Експрес.

Телеграфи – Ховениер: САД ја поддржуваат транзицијата на КБС во територијална одбранбена сила

„Американскиот амбасадор во Косово, Џеф Ховениер, изјави дека Соединетите Американски Држави целосно ја поддржуваат транзицијата на Косовските безбедносни сили (КБС) во мултиетнички територијални одбранбени сили.“, пренесе Телеграфи.

Дугаѓини – Џозеф: Администрацијата на Бајден мора да ја убеди Украина да го признае Косово, има три витални чекори кон основата на успехот

„Во анализа за „Форин полиси“, професорот Едвард  Џозеф идентификува три точки преку кои Србија не може да ги избегне обврските од договорот постигнат во Охрид, наведува дека можен пристап би било признавањето на Косово од Украина.“, пренесе косовскиот медиум Дугаѓини.

АЛБАНИЈА

Албеу: Илегалните имигранти „жешка“ тема, Рама заминува во Британија, средба со Сунак и други официјални лица

„Албанскиот премиер  Рама денеска отпатува за Лондон, каде ќе има тридневна официјална посета. Рама во четврток ќе се сретне со премиерот Сунак и ќе имаат заедничка изјава за медиумите.

Во фокусот на дискусиите се очекува да биде договорот меѓу двајцата за илегалната имиграција, но и постигнувањето на други договори главно од економска природа и прашања од безбедноста и борбата против организираниот криминал.“, пренесе албанскиот медиум Албеу.

КОЛУМНА

ИНА: Ќе имаме ли вистинско лидерство!

„Но, да се спуштиме на наш терен. Се зборува за декриминализација од двете големи партии бидејќи во парламентот има извалкани пратеници кои се вмешани во коруптивни афери, отворено пред неколку дена изјавија од американската амбасада. Иако никој од широката маса на интелектуалци и народ не прифаќа дека претставниците на народот (пратениците) се избираат по список! Кандидатите не се натпреваруваат меѓу себе, туку поставуваат листи, се среќаваат двајца лидери и одлучуваат за апсурдноста на народните избраници да не се избираат директно, туку народот да гласа за листа што ја презентираат двајца партиски лидери!“, извадок од колумната „Ќе имаме ли вистинско лидерство!“, од авторот Бардул Бербери, објавена во дневникот ИНА.

Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен