Над 72.000 воени злосторства се регистрирани во Украина од почетокот на руската целосна инвазија, изјави украинскиот државен обвинител Андриј Костин за време на неговата работна посета на Лондон, јавува дописникот на Укринформ, повикувајќи се на Канцеларијата на украинскиот јавен обвинител.
Во текот на средбата, Костин изрази благодарност до пратениците во Парламентот на Обединетото Кралство, заменик-премиерот на Обединетото Кралство Доминик Рааб и државниот обвинител за Англија и Велс, Викторија Прентис за пружањето помош на Украина на правен план.
Костин нагласи дека масовната депортација на украинските деца е дел од криминалната стратегија на Русија. Во последниот извештај, Независната меѓународна истражна комисија на ОН во Украина го потврди систематскиот пристап на Русија кон воените злосторства извршени во Украина.
„Воената агресија е причина за овие масовни злосторства. Да се запре агресијата и да се изведат пред лицето на правдата организаторите на ова „највисоко меѓународно злосторство“ е должност на цивилизираниот свет и клуч за постигнување траен мир“, истакна Костин.
Главниот обвинител на Украина повика на формирање на Специјален трибунал за руското злосторство за агресија.
„Ова е одлучувачки чекор за градење на архитектурата на одговорност за меѓународните злосторства и најефективниот начин за надминување на личниот имунитет на раководството на рускиот криминален режим“, заклучи Костин.
Потсетување дека, на 20 март 2023 година, министрите за правда од целиот свет одржаа состанок во Лондон за да ја зајакнат меѓународната поддршка за истрагите на Меѓународниот кривичен суд за воените злосторства извршени од Русија во Украина.
Предходно, на 17 мар, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесарка во Канцеларијата на претседателот на Русија за правата на децата.
Подготви: Д. Мишев (ЦивилМедиа)