Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Раритетен примерок од српски „Плејбој“ со Александар Вучиќ се продава за 800 евра

„Урбан радикал над Белград“… звучи како шега, шега, шега. Сепак, тоа е наслов на интервјуто во српското издание на популарниот магазин „Плејбој“ од 2004 година, во кое писателката Исидора Бјелица (сега почината) му поставува дваесет прашања на човекот кој во последнава деценија е централна фигура на српската политичка сцена – актуелниот српски претседател Александар Вучиќ, потсетува белградскиот дневник „Данас“ .

Вучиќ, во стилот на Дионис – старогрчкиот бог на виното и екстазата – позирал на креветот во светла карирана кошула како обид да рекреира лежерна поза достојна на римските владетели, навестувајќи ги неговите политичките аспирации.

Додека со едната рака држи грозје над главата, во скутот има чинија со овошје, а „најдобриот студент на Правниот факултет“ не пропуштил во кадарот срамежливо да внесе книга.

Сепак, хартијата ја сочувала од заборав и анегдотата која сликовито ја илустрира желбата на младиот Вучиќ да разоткрива „матни постапки“ во компаниите, но и дека е запознаен со чувството на срам, дури и во одредени ситуации.

-За Подгорица отпатував со првиот утрински лет, оној во 5.45 часот. Ние, сојузните пратеници, имавме право на авионски билети, па по грешка ми дадоа билет на име на мојот сопартиец Драган Тодоровиќ. И така, љубезниот господин на шалтерот за чекирање ми вели: „Одлично, господине Вучиќ, сега ќе се преправам дека не ве препознав и дека сте господин Тодоровиќ, а сега дојдете малку поблиску ако можете“. Јас се воодушев, човекот сега ќе ми окрие нешто за работењето на компанијата, за некоја измама, за корупција во најмала рака. Кога човекот тивко рече: „Господине Вучиќ, затворете го шлицот!“. Ќе пропаднев в земја! Не можев да се свестам следните три дена од срам“, опишал Вучиќ.

Овој број на српски „Плејбој“ неодамна се најде на продажба на интернет како раритетно издание.

„Сега ова интервју за Плејбој е неверојатна надреална новинарска реткост“, се вели во описот на рекламата.

На страницата може да се видат само некои одговори, но некои постари луѓе се сеќаваат дека токму во тоа издание Вучиќ зборуваше за своите омилени бендови и музичари.

Колекционерите или барем љубителите на ликот и делата на Александар Вучиќ, доколку сакаат да ја имаат овој примерок во своите витрини или врамена на ѕид, ќе треба да ги издвојат 100.000 динари (50.000 денари или 800 евра), колку што е цената на овој број!

Зачлени се на нашиот е-билтен