Постојат судски пресуди на Судот за човекови права, кои што Бугарија ги нема спроведено до денес и ги повикувам уште еднаш бугарските власти да ги почитуваат одлуките, согласно со европските правни норми за заштита на малцинските права, и на тие граѓани кои што се самоопределуваат како Македонци. Сепак тоа се граѓани и на ЕУ, бидејќи Бугарија е дел од Унијата.
Ова денеска го изјави премиерот на земјава Димитар Ковачевски, коментирајќи за македонското малцинство во Бугарија.
„Има граѓани во Бугарија кои што се самоопределуваат како Македонци и нив им припаѓаат правата кои треба да им бидат овозможено да ги остварат“, порача Ковачевски.