Арина Сабаленка го освои трофејот на УС Опен и со тоа собра дополнителни бодови со кои се зацврсти на втората позиција на ВТА рангирањето.
Веселата прослава на овој нејзин голем успех таа ја објави на социјалните мрежи.
Белоруската тенисерка има 8.716 поени, додека на врвот на безбедна дистанца и покрај лошиот турнир во Њујорк со 10.885 бода е Ига Швјонтек.
На третото место сега напредува Џесика Пегула, која претходно беше шестопласирана. Зад неа следат Рибакина, Паолини, Гоф, Женг, Наваро, Крејчикова и Сакари меѓу најдобрите десет.