Националниот ансамбл за македонски ора и песни Танец ја најави својата балканска турнеја.
„Драги пријатели од Подгорица, Љубљана, Загреб и Бања Лука! Не пропуштајте го овој уникатен спектакл. Наскоро доаѓа едниот и единствениот Танец!“, објавија на социјалните мрежи од овој наш ансамлбл.
Почнувајќи од 20 септмеври со концертот во Подгорица, Танец ќе ги „освојува“ симпатиите и на публиката во Љубљана на 22 септември, во „Цанкарјев дом“, на 24 септември во „Ватрослав Лисински“ во Загреб и на 27 септември во „Борик“ во Бања Лука.