Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Распишан поетскиот конкурс за 57 Детски Рацинови средби

Општина Велес распиша конкурс за 57. Детски Рацинови средби кој ќе биде отворен до 31 октомври, а право на учество имаат ученици од шесто до девето одделение од oсновните училишта и ученици од прва до четврта година од средните училишта.

Творбите се класифицирани во две категории: за основно и за средно образование.

Секој ментор има право да учествува со творба од еден ученик. Од секое училиште можат да бидат испратени најмногу до пет поетски творби. Најзначајно е детските песни да се оригинални и соодветни на темата.

Поетските творби да се испратат на е-адреса: detskiracinovi57@gmail.com со назнака „за поетски конкурс“ .

Откако жири-комисијата ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот и времето на одржување на Манифестацијата.,

Детските Рацинови средби се одржуваат секоја година во чест на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во неговиот роден Велес.

Преземено од Трн.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново