Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Колку жени биле номинирани и колку биле избрани на парламентарните и локалните избори досега?

Податоците од пописот на населението од 2021 година, од кој произлегле вкупно 1.836.713 жители, женскиот пол преставува 50.4% од населението во државта, а машкиот пол 49.6%. Нумеричката еднаквост не ја рефлектира еднаквоста во политичката застапеност и во различни периоди со различни мерки се прават напори за да се намали оваа изразена разлика.

Во нашето демократско патешествие како држава, застапеноста на жената во полна смисла на зборот почна да се реализира од 2002 година (кога беше утврдена и неопходната квота од 30% за женскиот пол), а по злоупотреба на истите и рангирањето на жените во долниот дел од листите за пратеници во 2006 година, се наметнува ново правило, и како услов за прифаќање на листата се бара рангирање на жените кај секој трет кандидат, и конечно со измените од 2015 година поставена е квота од 40% како и во првите десет кандидати мора да имаме 4 кандидатки.

Како факт за ова ви пренесуваме графикон кој покажува колку жени биле номинирани и колку биле избрани за пратенички од изборите од 1990 до 2020 година, каде што се забележува многу ниска застапеност во годините од 1990 до 1998 година.

Поранешниот член на Државната изборна комисија и извршен директор на невладината „Пулсот на демократијата“ Енвер Салихи вели дека плуралистичкиот систем, покрај сеопфатниот напредок, го наметнувал и подобрувањето на положбата на жената во општеството, како антитеза за нивниот ангажман и интелект во процесите на одржување и напредок на Македонија

– Унапредувањето и напредокот на улогата на жената се реализираше во повеќе сфери од општественото живеење и целта беше како на декларативен начин, еднаквоста меѓу половите да се практикува и реално. Вистинската еднаквост би овозможила да се ослободиме од инфериорноста како наметнат комплекс, анализира тој.

Тој вели дека родовата застапеност е неопходност и не треба да се остави на слободна волја.

– Треба да го оставиме настрана стереотипот дека политиката е арена на мажите, нагласи Салих.

Застапеноста на жените на функцијата градоначалник на општината од 1997 до 2021 година.

За поголем застапеност на жените во локалната власт Салихи смета дека е неопходно е зголемување на родовата застапеност и дека квотите треба да се користат дури и за време на кандидатурата на градоначалници на општините.

– Во минатото имаме примери од локални избори каде половата застапеност на жени градоначалнички е нула (локални избори 1996 и 2009 година), а на последните локални избори во 2021 година имаме само 2 жени избрани за градоначалнички (од вкупно 80 општини и Град Скопје). Оттука е неопходна потребата да се интервенира со закон, 40% од кандидатите за градоначалници да бидат од женски пол, како можност за подобрување на оваа застапеност, анализира Салихи.

Дестан Јонузи (Фронтлајн)

Зачлени се на нашиот е-билтен