Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Mакедонската економија во 2023: Година на покачени плати и „зауздани“ цени

Изминува уште една предизвикувачка година во економијата.

И во 2023, како и претходната 2022 година, се чувствуваа последиците од руската инвазија врз Украина, но како што одминуваа месеците, така инфлацијата забавуваше.

Ако годината ја почнавме со стапка на инфлација од 13,3 отсто во јануари, таа во ноември 2023 година изнесуваше 3,4 отсто.

Слабеење на инфлацијата

Економистите очекуваат инфлацијата и натаму да слабее, но и дека се уште ќе постојат ризици.

„Просечната стапка на инфлација и натаму е на релативно високо ниво во споредба со историскиот просек. Ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат за што покрај неизвесноста од движењето на цените на светските берзи, придонесуваат и одредени домашни фактори. Оттука, потребна е натамошна претпазливост, вклучително и во однос на политиките што делуваат врз побарувачката на економијата“.

Ова е еден од заклучоците од редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка  на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и домашната економија.

Чесно е да се каже дека намалувањето на стапката на инфлација е тесно позврзана со мерките со кои Владата интервенираше во зауздување на растот на цените и тоа преку неколку механизми, како намалување или укинување на стапката на ДДВ на одредени продукти, ограничување на маржите, како и последната мерка за гарантирани цени на стотици производи, мерка што спортед најавите ќе продолжи и во јануари следната година.

Тука, секако, треба да се додаде и субвенционирањето на цената на струјата за малите потрошувачи и домаќинствата, со што не се дозволи „дивеење“ на инфлацијата.

Растот на платите го претрка растот на цените

Во изминатата година постојано растеше просечната плата, но во два наврати пораснаа и пензиите, преку законското усогласување на пензиите.

2023 година македонската економија ја започна со просечна плата од 33.934 денари.

Но веќе во април, по зголемувањето на минималната плата и платите во одредени дејсност, просечната плата се зголеми на 36.134 денари односно 587 евра и за првпат ја проби границата од 36.000 денари.

Во месец мај просечната плата изнесуваше 36.465 денари, додека по летните одмори,во месец септември, просечната плата ја надмина границата од 600 евра и изнесуваше 36.876 денари (615 евра).

Конечно, според официјалните податоци од Државниот завод за статистика во октомври оваа година, просечната плата надмина 38.000 денари и таа изнесува 38.843 денари или 630 евра, што е за 17,3 повеќе отколку истиот месец 2022 година.

Кога се ќе се собере и одзеде излегува дека просечната плата во државата од јануари до октомври оваа година пораснала за безмалку 4.500 денари (4.479).

Раст имаше и кај пензиите. Преку двете зголемувања, во март и септември оваа година, пензионерите од октомври оваа година, имаат за 13,7 отсто повисоки пензии.

Следниот раст на пензиите ќе се случи во март следната година, а до тогаш, односно пет месеци по ред пензионерите со пензии до 19.000 денари ќе добиваат месечна финансиска поддршка од 1.500 до 3.000 денари.

Во 2023 година сериозно се намали стапката на невработеност и за прв пат во јавноста се отвори сериозна дебата за воведување на државна квота за ангажирање на работници од странство.

Сè на сè, зад нас е турбулентна економска година, но кога ќе се повлече црта, крајот на годината остава простор за иден натамошен развој на македонската економија. (ТВ Тера)

Треба да знаете
Moже да ве интересира