Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Најлошиот извештај го имавме во 2015 и 2016 година кога бевме означени за заробена држава

„Негативни извештаи немаше никаде. Уназадување не е утврдено. Сите наши добри страни и успеси треба да ги пофалиме. Најлошиот извештај имавме во 2015 и 2016 година кога бевме означени за заробена држава. Ние ги слушаме критиките и од државите членки и од европските институции, да не беше така немаше да го поканиме холандскиот судија којшто учествува во работната група „Патоказ за владеење на правото“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител Телевизија.

Тој додаде дека дополнително оваа влада побарала од ЕУ оценска мисија за судскиот совет. Препораките од извештајот кој ќе произлезе од оваа мисија ќе биде имплементиран.

Свесни сме за сите недоследности и несовршености. Наша задача е со опозицијата во Собранието со законски измени да ги надминеме овие прашања, заклучи Маричиќ.

„Сметаме дека секоја држава треба да биде ценета поединечно. Се радуваме на секој успех на соседите, особено за Албанија, бидејќи тесно соработувавме за време на скринингот и споделувавме информации на дневна основа, така што ние сакаме Албанија да го добие тоа што го сака на наредна меѓувладина конференција“, изјави Маричиќ.

Тој се надева дека нашата држава и Албанија ќе продолжат да чекорат на патот кон ЕУ, како што тоа го прават Украина, Грузија и Молдавија.

„Најпрво треба да имаме предвид дека состојбата во Украина е специфична. Таму имаме една груба агресија на Русија против Украина и тоа го промени геополитичкиот поглед на земјите членки и на институциите во Брисел. Знам дека звучи неправедно да бидеме толку години во чекалната меѓутоа тоа се ситуации, тоа се институции каде што не се бара само правдата и праведноста туку се работи на остварување на сопствените интереси. Јас го гледам отварањето на прашањето за членството на Украина како можност за нас. Ние се бориме да се отвори вратата за нови членки и отварањето на вратата на останатите земји членки е добра вест за нас. Вистинска битка е, треба да се избориме ние да бидеме меѓу тие нови членки кога вратата ќе се отвори“, заклучи Маричиќ.

„Господинот Талат Џафери има знаење и искуство да ја води техничката влада и затоа ќе ја добие нашата поддршка без дилема. Во едни тешки собраниски услови, при активна блокада на опозицијата тој се бореше и се избори да имаме колку што е можно функционален парламент“, посочи Маричиќ.

Тој додаде дека доколку опозицијата реши да не учествува во техничката влада, тоа е избегнување на законска обврска.

„Ние од 2015 наваму имаме Пржинска влада и таа влада е гаранција дека ќе имаме фер и демократски избори и претставува законска обврска. Бегство од одговорност на опозицијата е страв од пораз на изборите“, заклучи Маричиќ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира