Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Орбан упорно ги користи интересите на НАТО за уцена на ЕУ

Пишува: Борјан Јовановски

Блокирањето на шведската кандидатура за НАТО од страна на Унгарија, почнува сериозно да ги иритира сојузниците особено поради се повидливата позиција на контроверзниот Орбан дека зад оваа блокада се кријат намери за уцена и кокетирање со Русија и Турција.

По неколку месеци одложувања, унгарските пратеници го потпишаа пристапот на Финска во НАТО непосредно пред тоа да го направи Турција. Сега Унгарија продолжува да се движи по линијата на Анкара со одложувањето на одлуката за Шведска.

Унгарскиот парламент ја одлага поддршката за шведската кандидатура, со образложение бидејќи, како што велат, Стокхолм ги критикуваше демократските перформанси на земјата заедно со сите други членки на ЕУ.

Но, зад сцената, официјални лица и експерти велат дека надвор од домашните политички калкулации, зад потегот на Будимпешта се кријат нејзините врски со Анкара и Москва.

Има „нула разбирање“ за позицијата на Будимпешта за членството на Шведска во НАТО, рече висок европски дипломат, кој сакаше да остане анонимен.

Според него  додека многу членки на НАТО ја гледаат Турција како проблем за НАТО , Унгарија ја гледа како пријател и модел.

„Мислам дека Орбан длабоко верува во падот на Западот“, рече Петер Креко, директор на Институтот за политички капитал со седиште во Будимпешта. Со оглед на тоа што Унгарија „се отвора кон источните, јужните недемократии“, рече тој, „односот со Турција и е исклучително важен“.

Кога Анкара го одложи процесот на ратификација на НАТО на Финска и Шведска (навидум поради загриженоста за тероризмот и извозот на оружје), Унгарија, исто така, се воздржа од ратификацијата – првично кажувајќи им на сојузниците дека унгарскиот парламент е едноставно зафатен со други работи.

Унгарија, исто така, ја  користи својата блокада како дел од поголема игра – и со ЕУ и со НАТО, велат официјални лица и експерти.

Позицијата на Унгарија за шведското членство во НАТО е „првенствено“ за „следење на Турција“, рече Креко. Но, рече тој, Унгарија, исто така, „мисли дека може да капитализира“ од ситуацијата во други ситуации .

ЕУ суспендираше милијарди европски фондови наменети за Унгарија поради загриженоста за владеењето на правото. Будимпешта беше во повеќемесечни преговори со Брисел за деблокирање на тие пари.

Со оглед на тоа што Шведска претседава со Советот на ЕУ, постои чувство дека Унгарија би можела да се обидува да изврши притисок за да добие потпора во нејзините битки со ЕУ и да го заобиколи цврстото инсисирање на Брисел за реформи во Унгарија на полето на владеењето на правото.

Сепак во Стокхолом и Брисел немаат намери да отстапат од инсистирањата за реформи во Унгарија, која отстапи серозно од европските  стандарди во сферата на владеењето на правото. И додека Унгарците с упорни во нивната блокада на проширувањето на НАТО Швеѓаните ладно велат.

„Тие најверојатно ќе го ратификуваат договорот за пристап на Шведска во НАТО неколку дена пред Турција“, рече еден шведски функционер. (НоваТВ)

Треба да знаете
Moже да ве интересира