ВМРО-ДПМНЕ управува со Охрид, а СДСМ ги реализира проектите во интерес на охриѓани

По две години владеење на Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ како градоначалник на Охрид, ветените проекти му останаа само на хартија.

Актуелната локална власт на Охрид ги зголеми цените на услугите по јавните претпријатија. Поради оваа „социјална“ мерка на ВМРО ДПМНЕ и Пецаков охриѓани плаќаат над 40% повисоки сметки за паркинг, за гробарина за 75%, а за градски пазар за 35% повеќе од претходно.

Од друга страна резултатите од ветените проекти се НУЛА.

Поради ова незаинтересираност на локалната власт и ВМРО-ДПМНЕ за Охрид, владата предводена од СДСМ водејќи сметка за сите граѓани подеднакво вложи 6 милиони евра во охридското образование. Долгот на општина Охрид е исплатен повеќе од половина токму со помош на Владата на СДСМ. Санацијата, преземањето на долгот и управувањето со Колекторскиот систем е исто така дело на СДСМ.

Владата успеа да го зачуваме и престижниот статус на Охридското езеро – останува на листата на УНЕСКО. Во кампањата на локалните избори 2021 година, ВМРО-ДПМНЕ и Кирил Пецаков им ветиле на граѓаните дека старото градско јадро и околните населби на Охрид мора да се развиваат, но денес на терен сликата е поинаква.

–Во насока на правилната урбанизација, гарантираме промени, проекти и победи. Пред охриѓани се обврзуваме на реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ и реконструкција на плоштадот „Св. Климент Охридски“. Покрај нив имаме предвидено и реконструирање на постојните плоштади изградени во време кога со локалната самоуправа раководеше ВМРО-ДПМНЕ, велеше Пецаков пред граѓаните за време на изборната кампања во 2021 година.

Од владечката СДСМ ја обвинија локалната власт во Охрид предводена од ВМРО ДПМНЕ како најнеспособната досега.

Тие барат одговори од градоначалникот Кирил Пецаков и ВМРО ДПМНЕ и за, како што велат, „егзотичното крстарење на градоначалникот, заедно со секретарот на Општината“.

– Актуелен е скандалот со егзотичното крстарење на градоначалникот, заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет. Со денови охриѓани чекаат одговор колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков?, обвинуваат од СДСМ.

Дестан Јонузи (Фронтлајн)

Треба да знаете
Moже да ве интересира