Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Почна скринингот за Кластерот 4 : Да се засилат напорите за имплементирање на законодавството и да се исполнат целите на Зелената агенда на ЕУ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска во Брисел го отвори објаснувачкиот скрининг состанок за Поглавје 21 и 14: „Трансевропски мрежи“ и „Транспортна политика“, од Кластерот 4, „Зелена агенда и одржлива поврзаност“.

Кластерот 4 ги опфаќа Поглавјата 14, „Транспортна политика“, 15, „Енергетика“, 21 „Трансевропска мрежа“ и Поглавјето 27, „Животна средина и климатски промени“, кои во периодот од 15-ти до 20-ти март ќе бидат презентирани пред македонскиот преговарачки тим како дел од новиот корпус на европското законодавство, донесено во периодот по 2018/19 година.

На отворањето на Кластерот 4 како дел од проектот „Нордиска поддршка за напредок во Северна Македонија“ за подобрување на комуникација за процесот на пристапување во ЕУ присутвува група новинари од Северна Македонија.

Проектот е во соработка на Секретаријатот за европски прашања поддржан од шведската Влада.

Утре на агендата е продолжеток на скринингот за  Поглавјето 21, заедно со Поглавјето 15, „Енергетика“.

Н. Абдурахмани(ЦивилМедиа)

Треба да знаете
Moже да ве интересира