Стаменов: Со влезот во ЕУ, македонскиот јазик станува официјален јазик на Унијата

Новинарот и публицист Свето Стаменов во интервју за Слободен печат посочи дека македонскиот јазик кој претходно бил оспоруван, ќе стане официјален јазик на ЕУ кога Македонија ќе стане земја членка.

„Нашиот јазик е влезен во светската мапа на јазици, влезен е во документите на Обединетите нации. Второ, со нашиот влез во ЕУ, македонскиот јазик станува официјален јазик на Европската унија. Тоа значи дека тој ќе биде рамноправен со англискиот, со германскиот, со францускиот јазик и сите јазици на ЕУ. Сите документи што ќе бидат од ЕУ, ќе бидат и на македонски јазик, па ќе го има дури и на парите. Со тоа веќе нема да има проблеми дали некој го признал или не го признал“, посочи Стаменов.

Тој додаде дека македонскиот јазик постоел, постои и ќе постои и според него жално е што од јазикот се прави политика, мислејќи пред се на ставот на официјална Бугарија.

Секаде на Балканот гледаме дека национализмот и популизмот се во експанзија, потенцира Стаменов.

„Македонија и Балканот имаат политичари, но немаат државници. Разликата помеѓу политичар и државник е огромна. Државникот знае што ќе се случува за една, за пет, за 10 за 20 години“, посочи тој.

Според него, со влезот во НАТО, нашиот територијален интегритет и суверенитет се загарантирани.

„Ние до пред само некоја година бевме пред предизвикот дали ќе опстоиме или нема да опстоиме како држава и дали некој ќе не дели или распарчува. Сега, како членка на НАТО, нашиот територијален интегритет и суверенитет е згарантиран и сега се зависи од нас“, порача Стаменов.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?