Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Паметните живеат како што мислат, а Македонците мислат како што живеат, односно, не мислат

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Живеј како што мислиш да не би да мислиш како што живееш.

Валери.

Македонците, мислам, мнозинството, мислат како што живеат, односно не мислат. Единството меѓу отсуството на мисла и усраниот живот им пружа феноменална комоција.

Тие однекаде знаат дека луѓето што живеат како што мислат се во постојани ризици и напори.

Освен тоа, не се сигурни дали е тоа за нив воопшто можно при отсуството на мисла. Или, уште полошо, со некои траги од мисли кои можат да ги заебат и да ги извадат од комоцијата.

Можеби со овие елементи можат да се објаснат некои важни аспекти на изборните резултати. Поведението на масата која одбива каква и да е аргументација во добронамерното укажување дека, ако и на изборите мислат како што живеат, ќе завршат у курац и тие и нивната заедница, нивната нација и држава.

Поведението на победниците по изборите е демонстрација на моделот на егзистенцијата на глисти во септичка јама, односно на луѓето кои мислат како што живеат. На местото на мислите тие имаат некакви емоции и по тоа животот им е под нивото на хомо сапиенсот. Не би можел да кажам на која група или вид припаѓаат, но луѓе во вистинската смисла на зборот не се.

Во вкупната политичка историја на човештвото, да земеме некои полабави критериуми и да речеме дека станува збор за 6.000 години, не се забележани говњари кои во рок од неколку дена, уште неконституирани како власт, ја сјебуваат комплетната меѓународна втемеленост на државата и на луѓето!

Без причини, без поводи и на прв поглед, без идеи. Преку мозоктресот од 9.5 по Рајх, тие ги изместија и внатрешните капацитети на животите на населението и нивната цена ја соборија на нивото на американските акции во време на големата депресија од 29/33 година.

Неверојатно!

Импликациите на инаку совршено бесмислената битка против додавката Северна се толку страшни, а уште пострашни ќе бидат, што секој разумен човек ќе си рече дека целта на акцијата не е да се врати старото име, туку да се предизвикаат патриотски покриени импликации кои ќе водат кон страшно декапацитирање и десубјективизирање на Република Северна Македонија, до нивото кога наместо Северна ќе отпадне Македонија.

Овие говњари се мали за толку големи проекти. Тие не се автори на приказната, туку само извршители.

Некои од нив дури и со добри намери.

Кога јас пишував и дискутирав дека мисијата на вмро-дпмне е демонтажа на Македонија особено во националниот дел, преку декапацитацијата и десубјективизацијата, луѓето ми викаа дека претерувам и дека ги преценувам. Дека нивната идеја е власт, фотељи и пари. Да, но како инструменти на деконструкцијата која во основа ја има одмаздата за АСНОМ и националната и државна реализација на македонскиот народ преку изневерување на врвните принципи на вмро. Во кои, како што е познато, нема ниту нација ниту држава, а освен тоа најстрого е забрането и со смрт се казнува друг да се занимава со артикулацијата на македонските интереси, комунистите посебно.

Имам основи да бидам задоволен бидејќи се покажа дека мојата основна теза дека не можеме во исто време да имаме и вмро и држава се покажа како точна.

Но, какво е тоа задоволство од ваква трагедија.

И ова сигурен сум не е програма на Извршниот комитет или на Мицко. Тие се само дел од материјалната сила на контрареволуцијата. Кој ги искористи сите можности на демократијата и на скромните ментални капацитети на граѓанството кои краен израз имаат во предупредувањето на Валери дека да мислиш како што живееш е казна.

Ескобар се надева.

Се надевам и јас.

Но, неговата надеж по компромитацијата на САД и Европската унија во кампањата за уставните промени, е како јас да се надевам дека ако Трамп победи на изборите во ноември, Америка ќе добие нормален, демократски ориентиран претседател кој ќе го поддржи и развие трансатлантското партнерство, ќе ја помогне интеграцијата на неконсолидирани земји каква што е Македонија и нема да мисли дека климатските промени се умисла на левите либерали и будали.

Јас на Ескобар и на американскиот претседател не им предлагам да се надеваат, туку да ги искористат сите средства за да ја изолираат злосторничката банда која има токсични намери и претставува осовина на злото со регионални и пошироки импликации.

Депресијата која владее во Македонија по скандалозните потези на Силјановска и Мицкоски, покажува дека и на народот полека му доаѓа од дупето во главата. Демократските сили имаат потреба од енергична надворешна интервенција. Меѓу демократите и идиотите, САД често знаат да ги одберат идиотите. Македонија Норд не е место на кое би им било паметно да се определат за идиотите. Особено не во оваа време. Сите се русофили во сите органи, освен во рацете, кога треба нешто проевропско да напишат за замајување и на Европа и на луѓето во Македонија. (Фронтлајн)

Треба да знаете
Moже да ве интересира