Милошески од „Авалон“ ги праша новинарите дали им изледа како идиот и за прашањето колку чини настапот на Дејвид Гета, ги упати на Владата

Гета

„Дали ти изгледам како идиот?“ беше одговорот на сопственикот на „Авалон“ Бобан Милошески прашањето на новинарката на „Слободен печат“ колку ќе нè чини концертот на Дејвид Гета.

Тој им рече на новинарите дека тоа е прашање за Владата, а дека тој на денешната прес конференција е присутен за да зборува за организацијата и безбедноста на концертот на Дејвид Гета кој утревечер ќе се одржи на стадионот „Тоше Проески“ и на којшто се очекуваат околу 50.000 гледачи.

И покрај тоа што 50 илјади граѓани, но и фанови од други држави купија билети по симболична цена од 35 денари за да го гледаат Дејвид Гета утре во Скопје – сумата што ќе се потроши за неговото гостување досега не е јавно обзнанета, ниту пак може да се пронајде тендер на страницата на Бирото за јавни набавки за организацијата на настапот. Тендер на сајтот на Бирото за јавни набавки нема ни за организацијата на останатите спроведени активности и настапи кои се одвиваа во август а сите во рамките на целокупното одбележување на 35 години од независноста на Македонија.

Прашањето на „Слободен печат“ Милошески го оцени како провокација.

„Неколку пати ви е кажано кога ќе биде објавена сумата за целокупната манифестација. Не можам да зборувам сега за целокупната манифестација „35 години Македонија“ кога овде разговараме за Дејвид Гета. Сметам дека нема потреба за вакви провокации“, рече Милошески.

Досега од Владата не соопштија колку чини организацијата на целата прослава, иако тоа беше најавено откако ќе се заврши со најавата на сите настани.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата кога беше најавен концертот на Хозе Карерас, за тоа колкава е финансиската конструкција за целата прослава и како е избран „Авалон“ за пратнер, владината портпаролка Марија Митева рече дека како влада немаат што да кријат во однос на организацијата и дека сè ќе објават откако ќе завршат со најавите на сите настани.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?