Познати добитниците на државната награда „11 Октомври“

Државната награда „11 Октомври“ за 2026 година ќе им биде доделена на Венко Андоновски, Димитар Пандев, Ѓулумсер Касапи и Владо Поповски.

Одборот за доделување на наградата одлучи признанието за животно дело во областа на културата и уметноста да му припадне на писателот проф. д-р Венко Андоновски.

За животно дело во областа на науката и образованието наградата ќе ја добијат лингвистот проф. д-р Димитар Пандев, универзитетската професорка проф. д-р Ѓулумсер Касапи и проф. д-р Владо Поповски, доктор по историски, политички и правни науки.

Наградите ќе им бидат врачени на добитниците на 11 октомври во 12 часот во Собранието.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?