Петмина интернисти од битолската болница обвинети за смртта на 40-годишна пациентка

здравство
CC0 Public Domain, https://pxhere.com/

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против петмина лекари-интернисти од Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“, поради сомнение за несовесно лекување на 40-годишна пациентка кое завршило со смрт.

Според Обвинителството, случајот се однесува на периодот од 28 мај до 4 јуни 2024 година, кога пациентката повеќепати била прегледувана и лекувана на Одделот за интерни болести.

Таа првично била упатена во болницата со сомнение за тромбофлебитис, но по прегледот ѝ била поставена дијагноза ревматоиден артритис и била пуштена дома со терапија.

Обвинителството тврди дека не била земена целосна анамнеза и не биле направени доволно анализи, поради што навреме не била откриена тромбозата и не била започната соодветна терапија.

Пациентката повторно се јавила во болницата на 1 јуни со силни болки во стомакот и влошена општа состојба, по што била хоспитализирана.

И покрај абнормалните лабораториски и биохемиски наоди, Обвинителството наведува дека во следните четири дена дежурните лекари не презеле дополнителни дијагностички испитувања за да ја утврдат причината за влошувањето.

На 4 јуни пациентката побарала медицинска помош во приватна клиника во Скопје, каде била примена во тешка состојба.

При итен хируршки зафат била утврдена тромбоза на горната и долната мезентерична артерија, со комплетна гангрена на тенкото и дебелото црево. Состојбата веќе била неоперабилна, а пациентката починала следниот ден.

Петмината лекари се обвинети за тешки дела против здравјето на луѓето, во врска со несовесно лекување болни

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?