Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Делегација на ЕУ: Јасни се заклучоците за уставните измени на Советот на ЕУ од јули 2022 година

Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија не сака да коментира детали од разговорот меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но нагласуваат оттаму, заклучоците на Советот од јули 2022 година се јасни.

„За уставните измени, јасни се заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година. Со цел да се заврши оваа фаза на отворање на преговорите за пристап, Советот, исто така, одлучи, како што е наведено во заклучоците на Советот од јули 2022 година, да свика уште една меѓувладина конференција со цел да се претстави рамката за преговори и состојбата на подготвителните работи од страна на Европската комисија и е подготвена да ја одржи без дополнителни одложувања, ниту дополнителна политичка одлука, штом Северна Македонија ќе ја спроведе својата заложба да ги заврши горенаведените уставни измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури“стои во реакцијата на Делегацијата.

Што пишува во Протоколот со Бугарија и заклучоците на Советот на ЕУ: Кога треба да стапат на сила уставните измени

Ваквиот став на ЕУ-делегацијата доаѓа по барањето на Мицкоски уставните измени да се усвојат со одложено дејство односно да влезат во сила тогаш кога за Македонија ќе биде донесена одлука да стане членка на ЕУ. Мицкоски овој став првпат го изнесе по лидерската средба со Ковачевски на која зборуваа за уставните измени.

Премиерот Ковачевски во петокот во интервју за „360 степени“ порача дека веќе е прифатено барањето на ВМРО-ДПМНЕ да има завршни и преодни одредби во кои уставните измени влегуваат во сила во моментот на одржувањето на Втората меѓувладина конференција. Тој беше дециден дека сè што е надвор од Преговарачката рамка со ЕУ е нејзино прекршување.

„Тоа е во рамки на Преговарачката рамка или на корпусот документи, како што вие велите. Сè надвор од тоа е прекршување на Преговарачката рамка што ние ја имаме добиено од Европската Унија после 17 години чекање. Јас сметам дека сега е моментот да се обединиме, рамо до рамо, да ја донесеме оваа одлука заради иднината на сегашните и идните генерации“рече премиерот.

Најново