Два пожари сè уште активни, за едно деноноќие горело на 23 места низ Македонија

Два пожари на отворен простор се активни утрово во Македонија, еден е ставен под контрола, а 20 се изгаснати во изминатото деноноќие, покажуваат податоците на Центарот за управување со кризи до 7:30 часот.

Најсериозниот активен пожар е во Општина Македонски Брод, кај местото Видуш во близина на селото Драгов Дол. Таму огнот зафатил ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Вториот активен пожар е во кумановската населба Средорек, каде гори ѓубре.

Под контрола е пожарот на градската депонија во Делчево.

Според ЦУК, во последните 24 часа биле регистрирани вкупно 23 пожари на отворено. Најголемиот дел од нив, вкупно 20, биле целосно изгаснати до утрово.

Зголемениот број пожари продолжува во период на високи температури и исушена вегетација, кога и мал извор на оган може брзо да се прошири на поголема површина.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?