Леонид Јандреоски нов генерален секретар на ФФМ

Управниот одбор на ФФМ го назначи Леонид Јандреоски за генерален секретар со мандат од четири години.

Јандреоски (1997) е дипломиран економист со магистратура во спортски менаџмент од Љубљана. Има искуство во маркетинг комуникации во А1 Македонија и Универзал Медиа, како и во организацијата на ЕП за фудбалери до 21 година (2021).

Неговата задача ќе биде модернизација на федерацијата и унапредување на домашниот фудбал.

Зачлени се на нашиот е-билтен