СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ

СДСМ

СДСМ обвинува за притисок врз свој советник од Кавадарци, кој, според партијата, бил повикан на информативен разговор во полициска станица поради објава на Фејсбук поврзана со проблемите на лозарите и можен протест.

Од СДСМ соопштија дека советникот од Кавадарци, Вуко Мелов, бил повикан во полиција поради објава објавена на страницата „Мое Кавадарци“, во која се алармирало за проблемите со откупот на грозјето и се најавувала можност за протест на лозарите.

Од опозициската партија велат дека станува збор за обид за притисок и заплашување поради јавно искажан став.

„Ова е класичен притисок, обид за заплашување и замолчување“, наведуваат од СДСМ, обвинувајќи ја власта дека наместо да ги решава проблемите со кои се соочуваат лозарите, врши притисок врз оние кои јавно зборуваат за нив.

СДСМ случајот го поврзува со поширока критика за односот на власта кон политичките неистомисленици и граѓаните кои протестираат или ги критикуваат институциите.

Од партијата прават паралела и со други неодамнешни случаи за кои тврдат дека имало обиди за замолчување на критичарите, а постапувањето на власта го споредуваат со методите на српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Мицкоски е уплашен од вистината, од незадоволството на лозарите“, порачаа од СДСМ, додавајќи дека, според нив, граѓаните нема да бидат замолчени или заплашени.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?