Скопје домаќин на самитот PROI Worldwide: во фокусот ВИ и комуникациите

PROI Worldwide

Скопје од денеска е домаќин на регионалниот самит на PROI Worldwide, глобална мрежа на независни PR и комуникациски агенции. Самитот ќе се одржи на 1 и 2 октомври во хотелот „Мериот“, а ќе учествуваат претставници на агенциите членки од Европа, Блискиот Исток и Африка.

Домаќин на регионалниот собир е македонската агенција ИДЕА ЛАБ, која е дел од PROI Worldwide од 2021 година и е единствениот партнер на мрежата од Македонија.

Пред почетокот на официјалната работна програма, учесниците ја посетија ИДЕА ЛАБ, каде што се запознаа со тимот и со работата на агенцијата. Во рамки на средбата била претставена и годишната стратегија на ИДЕА ЛАБ во рамки на активностите на PROI Worldwide.

Темата на годинашниот самит е „The Independent Edge: The Human Advantage in the Age of AI“, а во центарот на дискусиите ќе биде влијанието на вештачката интелигенција врз комуникациската индустрија.

Предвидено е професионалците од агенциите членки да разговараат за новите начини на работа, примената на вештачката интелигенција, креативноста и можностите што ги отвораат новите технологии. Дел од програмата ќе биде посветен и на размената на искуства меѓу агенциите од различни пазари.

Како што соопштува ИДЕА ЛАБ, посебен акцент ќе биде ставен на човечкиот фактор и на прашањето како комуникациската индустрија може да ја задржи човечката перспектива во услови на брз развој на технологијата.

PROI Worldwide обединува повеќе од 90 независни PR и комуникациски агенции со присуство во повеќе од 60 земји. ИДЕА ЛАБ е членка на мрежата од 2021 година и единствен партнер од Македонија.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?