Сончево, ветровито и посвежо: Северен ветер ќе ги спушти температурите

време
Фото: Saumya Chaurasia, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Денеска времето ќе биде претежно сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, кој на одредени места може да достигне брзина од над 70 километри на час.

Во Скопје ќе преовладува слично време – сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Температурите во главниот град ќе се движат од утрински 20 до дневни 34 степени.

Синоптичарите најавуваат дека денес и утре ќе биде сончево, но со посвежи услови поради влијанието на северниот ветер. Дневните температури се очекува да опаднат за 4 до 6 степени во споредба со претходните денови.

Од понеделник, пак, метеоролозите прогнозираат постепен пораст на дневните температури.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?