Амбасадата на САД и мисијата на ОБСЕ со пораки до албанските граѓани пред неделните парламентарните избори

Пред неделните парламентарни избори, амбасадата на САД во Тирана упати порака до албанските гласачи во која ги охрабрува да гласаат без страв.

„Не дозволувајте другите да зборуваат за вас. Вашиот глас е само ваш. Гласајте без страв“, се вели во пораката од американската амбасада.

Во меѓувреме и амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Тирана Мишел Таран порача дека “на учеството на избори не треба да се гледа само како на право, туку како на граѓанска обврска, тесно поврзана со одговорноста што секој поединец ја има во зајакнувањето на демократијата”.

Говорејќи пред студентите на универзитетот “Луараси” во Тирана, посочил дека  “функционалната демократија бара континуиран ангажман, а не само на денот на гласањето”.

Амбасадорот го истакна и одржувањето високи стандарди во изборниот процес, особено во клучниот момент за Албанија, која е во важна фаза од преговорите за членство во Европската Унија.

-Фер, транспарентни и инклузивни избори се дел од исполнувањето на политичките критериуми што ги бара ЕУ и секое отстапување од овие стандарди може негативно да влијае на патот кон интеграција, нагласи тој.

Друг важен аспект, според него, е и улогата на медиумите во известувањето за изборниот процес. Тој повика медиумите да бидат транспарентни и да имаат активна, а не пасивна улога во покривањето на програмите на политичките партии, помагајќи им на граѓаните да бидат информирани и да донесат информирани одлуки. 

Зачлени се на нашиот е-билтен