За вчерашните настани на Денот на албанското знаме, кога се кинеше и се газеше македонското знаме, од СДСМ побараа оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и разрешување на директорот на БЈБ, Александар Јанев, и на началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски.
„Вчерашната состојбата во градот е резултат, на обидот на Христијан Мицкоски и неговите неспособни инсталации во МВР да го инструментализираат безбедносниот апарат за свои политички интереси, поставувајќи неспособни кадри на клучните позиции во безбедноста. Безбедносниот и превентивниот апарат е разрушен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.поставувајќи неспособни кадри на клучните позиции во безбедноста. Безбедносниот и превентивниот апарат е разрушен од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, рече организацискиот секретар, Мартин Костовски.
Тој потенцираше дека МВР под водство на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски, немаат контрола, како што велат, над бандите и криминалот во државата.
„Оваа кулминација на состојбата е резултат на хаосот кој го создаваат тие, додека бандите и криминалците се без контрола. Да се потсетиме дека за помалку од една година имаме преку 20 вооружувани инциденти, убиства и обиди за убиства. Секојдневно се пука по улиците во Скопје и ова што вчера се случи е последен од низата настани кои потврдуваат дека Тошковски, нема никаква контрола над безбедносната ситуација“, рече, Костовски.
Косовски од министерот за внатрешни работи Тошковски, побара одговори на две прашања:
-Зошто МВР немаше навремени оперативни информации за да се делува превентивно и ова да не се дозволи? Што работат АНБ и БЈБ и како се дозволи да ескалира состојбата до ова ниво? Зошто дозволија ваков понижување на Македонците и македонската држава“?
-Зошто навремено не се приведени оние кои пукаа и користеа огнено оружје во центарот на Скопје? Македонското знаме беше запалено, а воедно се пукаше со автоматски оружја, што претставува не само кривично дело, туку и закана за безбедноста на граѓаните“.
.
Да потсетиме дека ова е резултат, исто така, и на обидот на Христијан Мицкоски и неговите неспособни инсталации во МВР да го инструментализираат безбедносниот апарат за свои политички интереси, поставувајќи неспособни кадри на клучните позиции во безбедноста. Безбедносниот и превентивниот апарат е разрушен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ како одговорна партија, го осудува секој обид за нарушување на меѓуетничките односи, секој обид за нарушување на безбедноста на граѓаните. Апелираме граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокациите.