Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Руски хакери ја нападнаа Швајцарија за време на Светскиот економски форум во Давос

Руски хакери го нападнаа кантонот Шафхаузен во северна Швајцарија и градовите Женева и Сиера и ги парализираа нивните веб-страници, јавија синоќа швајцарските медиуми.

Информациската служба на Шафхаузен, работејќи со надворешен провајдер, успеала целосно да се одбрани од нападот и работата на управата не била загрозена, се наведува во соопштението. Националниот центар за кибер безбедност предвиде такви напади за време на Светскиот економски форум во Давос.

Руската хакерска група NoName ја презеде одговорноста за кибер нападите, според локалните медиуми.

Таа група стои и зад DDoS нападите поврзани со украинската конференција во Бургенсток во јуни 2024 година.

Една година претходно групата ги парализираше веб-страниците на швајцарската федерална влада.

Зачлени се на нашиот е-билтен