Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Санадер ослободен од обвинението за воено профитерство

Поранешниот премиер на Хрватска и лидер на ХДЗ, Иво Санадер правосилно е ослободен од обвинението за воено профитерство, иако судот не оспори дека тој примил 3,6 милиони куни од Хипо банка.

Високиот кривичен суд на Хрватска ја одби жалбата на државното обвинителство и ја потврди пресудата на Жупанскиот суд во Загреб, со која Санадер е ослободен од обвинението за воено профитерство во „аферата Хипо“.

Санадер, кој во моментов издржува здружена затворска казна за случаите „Фими Медиа“, „Планинска“ и „Ина Мол“, беше обвинет и за злоупотреба на функцијата заменик-министер за надворешни работи кон крајот на 1994 и почетокот на 1995 година за земање провизија од 3,6 милиони куни од австриската Хипо банка при добивање заем за купување згради за хрватската дипломатска претставништва. Бидејќи во тоа време Хрватска беше во непосредна опасност од војна, Санадер беше обвинет и за воено профитерство. Тој од самиот почеток тврдеше дека не е виновен и дека не добил никаква провизија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен