Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Се јави коалицискиот партнер на Мицкоски-ВРЕДИ: Делчев бил цел на дневнополитички калкулации

Претставници на коалицискиот партнер на ВМРО ДПМНЕ, ВРЕДИ, денеска не беа дел од чествувањето на 152-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер, Гоце Делчев.

На прешање од страна на медиумите зошто не оддадоа почит кон ликот и делото на Делчев, од таму соопштија дека ниту еден револуционер од овие простори не смее да биде цел на дневно политичките калкулации.

„Имаме целосно почитување за ликот и делото на Гоце Делчев и свесни сме за неговото значење за македонската историја. Со оглед на фактот дека како коалиција ниту претходно не сме го одбележувале неговиот роденден, остануваме доследни на ставот дека ниту еден револуционер од овие простори не смее да биде цел на дневно политичките калкулации. Искрено се надеваме дека македонската јавност ќе ја уважи нашата принципиелна позиција“ соопштија од ВРЕДИ за медиумите по поставено прашање зошто не положиле цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Зачлени се на нашиот е-билтен