Унгарија го загуби правото на помош од ЕУ вредно околу една милијарда евра поради кршење на владеењето на правото, бидејќи реформите требаше да ги спроведе до крајот на 2024 година, потврди за ДПА портпаролката на Европската комисија.
За да ги ослободи средствата, Унгарија мораше до крајот на 2024 година да ги спроведе реформите.
Средствата во вредност од 1,04 милијарди евра, беа наменети за Унгарија од програмата за поддршка на структурно слабите региони. Овие пари беа замрзнати на крајот на 2022 година, откако анализата на Европската комисија заклучи дека Унгарија занемарила одредени стандарди и основни вредности на ЕУ.
За да ги ослободи средствата, Унгарија до крајот на годината, мораше да спроведе повеќе реформи, вклучително и промена на законите за спречување на конфликт на интереси и за борбата против корупцијата.
Унгарија и се обрати на Кина за финансиска помош и во април повлече заем од милијарда евра од кинеските државни банки, факт што стана јавен дури во јули кога Унгарскиот национален центар за долг (АКК) објави податоци.
Кина е многу активна во Унгарија, при што производителот на електрични автомобили BYD гради голема фабрика во Сегед, јужна Унгарија, а производителот на батериски ќелии CATL гради мега-фабрика во Дебрецен, источна Унгарија.
За изградба на унгарската делница Унгарија зеде заем од речиси 900 милиони евра од кинеската Ексим банка.
Но, и покрај поддршката од Кина, Орбан сè уште се обидува да ги ослободи замрзнатите средства. Според Европската комисија, вкупно околу 19 милијарди евра од фондовите на ЕУ во моментов се блокирани во Унгарија, вклучително и дополнителни субвенции и помош за Ковид-19.
Минатиот месец Орбан се закани дека ќе стави вето на следниот седумгодишен буџет на ЕУ доколку Брисел не ги ослободи блокираните средства. Разговорите за буџетот се очекува да започнат кон средината на 2025 година.
Не е првпат Орбан да упатува ваква закана, откако на самитот на ЕУ минатиот месец првично одби да се согласи на продолжување на санкциите против Русија, кои треба да истечат на крајот на јануари.
Во декември 2023 година, и покрај постојаните критики за кршење на владеењето на правото во Унгарија, Комисијата објави околу 10 милијарди евра замрзнати средства на ЕУ за земјата, одлука што ја критикуваа некои членови на Европскиот парламент.