Во текот на денот, стотина земјоделци и сточари од Кардица и Фарсала се собраа на раскрсницата на Е65, блокирајќи го споредниот пат со своите трактори, согласно одлуката донесена на состанокот на земјоделските здруженија минатата недела во Паламас.
Инциденти се случија во четвртокот на попладне во близина на Кардица, како што пренесуваат грчките медиуми откако полицијата го спречила пристапот на фармерите до автопатот Е65, што довело до судири.
„Владата не носи решенија со лаги. Користењето на сила за репресија за да не се исполнат нашите права не е новина. Овој пат сме подготвени да се бориме“, изјави Костас Целас, претседател на Обединетата федерација од Кардица.
Полициските сили биле распоредени во областа уште од рано утрото, блокирајќи ги влезовите и излезите на автопатот.
Некои од основните барања на протестирачите вклучуваат надоместување за загубените приходи од земјоделството поради намаленото производство и ниските цени, мерки за намалување на производствените трошоци, како што се безданочна нафта, електрична енергија по цена од 7 центи/kWh, субвенции за ѓубрива и земјоделски материјали, како и отштета од 100% за загубите во капиталот и производството, заедно со итно зголемување на пензиите за земјоделците.